Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам, Скoпје
Изложбата Центар ШОК на која се претставуваат членови на Атељето Прес Папије од Канада - уметнички и човечки средби кои се занимаваат со истражување на поимот на судир на идеи, емоции, знаци и симболи.
Изложбата ќе ја отворат Н.Е. Роман Вашчук, Амбасадор на Канада и г-ѓа Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија. Изложбата е организирана со поддршка на Амбасадата на Канада во рамките на прославувањето на Деновите на Франкофонијата во месец март.