Младински Културен Центар, Скопје
Култната словенечка група LAIBACH гостува со концерт во Скопје на кој пред македонската публика ќе го претставуви фантастичниот нов студиски албум „Also Sprach Zarathustra“! По три години, една од највлијателните групи од југословенските простори со убедливо најголем меѓународен успех, се враќа во Скопје и тоа првпат во МКЦ, на ексклузивен концерт со строго ограничен капацитет и во многу поинтимна атмосфера од било кога досега.
Влезниците за овој концерт се достапни преку продажната мрежа на МкТикетс и само во органичен број! Најповолната цена од 500 денари е ограничена само за првите 300 билети, а по нивното распродавање, вториот и третиот подеднаков контингент влезници ќе бидат достапни по цена од 600 и 700 денари.