Музеј на современа уметност, Скопје
Изложбата "Ослободување-на-просторот" (12.3-30.4.2019)
Изложбата ги отвора прашањата наметнати од насилната преобразба на идентитетот на Скопје и наследството од таканаречениот проект „Скопје 2014“. „Ослободување-на-просторот“ беше претставен во македонскиот павилјон на 16-тата Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2018 година. Поставката вклучува четири проекти изработени од четири тимови архитекти во соработка со кураторите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.
Авторите: Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Ѓуза, Алесандро Де Лука, Гордан Витевски, Мила Димитровска, Владо Данаилов, Александра Шулевска, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.