Градскиот парк, Виница
По повод 75 години од ослободувањето на градот од фашизмот, а во рамките на повеќедневната манифестација ВИНИЦА – СЛОБОДЕН ГРАД, со почеток од 20:00 часот во градскиот парк во Виница ќе се одржи музичкиот фестивал СЛОБОДНА ЗОНА на кој ќе настапат следниве музички групи:
Александар Велики – Скопје
Дактили – Струмица
КИ – Куманово
ПМГ Колектив – Скопје
Пука козметика – Скопје
Роботек – Скопје
Во 17:30 часот ќе бидат промовирани книгите „Македонска дискографија – Винили (1958 – 2019)“ и „Македонска рок енциклопедија (1963 – 2018)“, енциклопедиски дела на авторот Тошо Филиповски, а во издание на Corpus delicti records.